Близок извор од таборот на лондонскиот премиерлигаш Челзи откри дека „сините“ не се подготвени да одвојат 100 мил. фунти за обештетувањето на стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Џејдон Санчо.
Репрезентативецот на Англија планира да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, а челниците на Борусија ќе ги разгледат сите понуди кои не се помали од 100 мил. фунти. За разлика од Челзи, Манчестер Јунајтед е подготвен да одвои 120 мил. фунти за обештетувањето на Санчо.