Нема место за насилство во фудбалот

39
epaselect epa10313977 FIFA President Gianni Infantino addresses a press conference in Doha, Qatar, 19 November 2022. The FIFA World Cup Qatar 2022 will take place from 20 November to 18 December 2022. EPA-EFE/MOAHAMED MESSARA

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, денеска остро го осуди вчерашниот инцидент во кој пред натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Лион во француското фудбалско првенство беше каменуван автобусот на гостинскиот тим.

Во порака објавена на Инстаграм, првиот човек на ФИФА нагласи дека „апсолутно нема место за насилство во фудбалот“.

-За таквите настани, како што се случија во Марсеј пред натпреварот во Лига 1 меѓу Марсеј и Лион, нема место во нашиот спорт, ниту во нашето општество и апелирам до надлежните тела да обезбедат преземање соодветни мерки, напиша Инфантино.

Дерби натпреварот во рамки на десеттото коло во француското првенство меѓу Марсеј и Лион беше откажан, откако автобусот на гостинскиот тим беше каменуван вчеравечер на пат кон стадионот „Велодром“, при што тренерот Фабио Гросо беше сериозно повреден.