Нема договор за СЈО меѓу власта и опозицијата

71

Власта и опозицијата по четири часа разговори во Министерството за правда, не се договорија за судбината на СЈО. За опозицијата неприфатливо СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира, истакна вечерва Иван Менкиноски кој е претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката Рената Дескоска пак, рече дека за нив е неприфатливо барањето СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, бидејќи според стратешките определби СЈО треба да продолжи како Обвинителство, а не како одделение, објави Телма.

„СЈО треба да продолжи како обвинителство, а не одделение во друго обвинителство. Барањето за прекинување на постапките и нивно одново почнување ќе значи губење на многу докази. Ги презентиравме нашите аргументи за носењето на овој закон. До четврток предлозите треба да ни бидат доставени во амандманска форма“, рече Дескоска.