Германскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Тони Крос, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина. Искусниот играч за врска категорички ги демантираше пласираните шпекулации дека на крајот од актуелната сезона ќе се врати во редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М). Крос потврди дека ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“.