Немања ја има направено својата прва тетоважа во Холандија. Тоа е ликот на неговиот татко Небојша. Веднаш по неа, ја направи онаа со ликот на мајка си Оливера, а по неа оние со ликовите на братот Драгиша и сестрата Вања. Најчудно е што сè уште го нема тетовирано на своето спортско градено тело ликот на сопругата Анастасија, која толку многу ја сака

Немања Гудељ, 32-годишен познат српски фудбалер, влезе во светот на музиката откако е во брак со популарната поп-пејачка Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на мегапопуларната Цеца. Многумина знаат дека Немања приватно е исклучителна личност и душа од човек. Но, колку се запознаени луѓето со неговите многубројни тетоважи, кои ги има по целото тело?

Само неговите најблиски, се разбира Анастасија, тештата Цеца и родителите го знаат значењето на секоја од нив. Првата тетоважа ја има направено во Холандија. Тоа е ликот на неговиот татко Небојша. Веднаш по неа, ја направи онаа со ликот на мајка си Оливера, а по неа оние со ликовите на братот Драгиша и сестрата Вања.

Грбот на Немања е тетовиран и со три православни крста, меѓу кои се наоѓаат цитатите што го истакнуваат зборот „семејство“. Тоа само по себе кажува дека семејството му е на прво место. Многупати знае и јавно да зборува за силните емоции што ги има кон братот и сестрата, а сега и кон сопругата Анастасија. Немања често сака да позира пред фоторепортерите така тетовиран, вели дека е голем обожавател на тетовирањето, особено кога е лето и кога е разголен на плажа, во шорцеви за пливање. За да се види секоја тетоважа, која има своја интересна приказна.

И сето тоа, како што велат неговите, е прифатено и одобрено, сите се свикнале на тетовираниот Немања. Но, никој негов не може да се начуди за тоа што го има тетовирано на грбот ликот на својот личен шофер и голем пријател, Рашид Риверчав.    Сепак, најчудно е што Немања сè уште го нема тетовирано на своето спортско градено тело ликот на Анастасија, која толку многу ја сака. Кој знае, можеби, допрва ќе се случи тоа. Можеби, подготвува некое посебно место за неа, со што би ја ѝ ја потврдил искрената љубов засекогаш. Да се стрпиме, па да видиме.    Д.М. фото:архива