Поранешниот американски тенисер Енди Родик го прозва Србинот Новак Ѓоковиќ, за кого смета дека намерно го засенил пензионирањето на Рафаел Надал со објавата дека го ангажирал за тренер Британецот Енди Мареј.
Родик е поранешен победник на САД Опен и своевремено светски рекет број еден во светот, а му пречело тоа што Новак не чекал кога е во прашање најавата за новиот тренер.
Разбирам дека објавите се забавни, но во ова нема ништо смешно. Не мислам дека ова е суетен проект. Еј слушај, дали вниманието е забавно? Дали возбудата е забавна? Дали е забавно да се знае дека можеш да предизвикаш хаос во светот на тенисот и да доминираш во секоја приказна – рече Родиќ во неодамнешната епизода од подкастот „Сервирано со Енди Родик“ и додаде:
– О, ох, ох! Рафа се пензионираше викендов? Требаше да доминира на насловните страници на крајот на таа недела? Нема причина зошто ова требаше да биде објавено.
Во истата епизода, Родик исто така тврдеше дека неколку тенисери од светска класа сакале да соработуваат со Енди, но дека Шкотланѓанецот наводно на убедување од семејството го чекал Ѓоковиќ.