Немате раат од кашлицата:Природен и ефикасен начин за ублажување на болките во грлото

200

Настинките се многу чести во овој период од годината. Обидете се болката во грлото можете да ја ублажите на природен начин. Користете природни состојки, само внимавајте да не сте алергични на некои од нив.

Состојки за препарат против кашлица и болка во грлото:

  • Мед
  • ѓумбир (свеж или мелен)
  • црн пипер
  • мајчина душица
  • вода

Приготвување:

Измешајте 100 грама мес со двојно повеќе топла, не врела вода.

Додадете ги мајчината душица, ѓумбирот, црниот пипер, по околу 20 грама од секоја состојка. Измешајте г состојките додека да добиете компактна маса.

Во убаво затворен сад, оваа мешавина може да стои и неколку недели на студено и суво место. Се препорачува да земате 3 до 5 лажички дневно.