Обвинетиот Беља: Немав намера да го убијам Никола Саздовски

66

На судењето за убиството на Никола Саздовски денес сведочеше првообвинетиот Бесир Беља, кој диреткно беше испитан од адвокатот, кој побара од него да каже дали кога давал исказ во Обвинителството бил испрашуван во врска со кривично дело убиство или насилство.
-Ме испрашуваа за насилство, односно за кривично дело насилство кое го признав, и за кое сакав да се спогодам со обвинителствотото, рече Беља.

Тој објасни дека дента ги повикал Јетон и Скендер да одат на кафе или на јадење, па кога се собрале влегле во автомобилот, но не одлучиле каде да одат.Движејќи се кон автобуската станица нему му се причинило дека ја видел братучетка му и сопреле на постојката. Но таму забележал дека Саздовски го гледа провокативно по што меѓу нив настанала расправија на која се приклучиле и двајцата негови пријатели. Набрзо расправијата прераснала во тепачка. Додека се теапале како што тврди тој Саздовски почнал да се повлекува и тогаш паднал на глава и му се заплеткале нозете

-Немав намера да го убијам, многу ми е жал за сето ова. Јас само се доближив до него да видам зошто ме гледа така.-сведочеше меѓу другото Бесир Беља.