Италијанскиот калчолигаш Наполи и турскиот суперлигаш Галатасарај со големо внимание ја следат ситуацијата околу централниот дефанзивец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер. Репрезентативецот на Англија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а се уште нема ништо ново околу можното продолжување на соработката со „црвените ѓаволи“.