Најскапиот играч во фудбалската историја, Неимар, веќе подолго време го селат од еден клуб во друг, но на сите им беше јасно дека постои опција да остане во редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, и во новата сезона.
Во последното интервју кое Неимар го даде не ги криеше амбициите да остане на „Паркот на принцовите“ и следната сезона.
Тој сака да ја продолжи кариерата во овој клуб, а не му пречи тоа што не е омилен помеѓу најрадикалните навивачи на „светците“.
Иако се зборуваше дека Неимар може да го напушти Париз, тој реши да стави крај на сите шпекулации.
Да потсетиме, Неимар неодамна беше поврзуван со Челзи, Њукасл, како и со некои клубови од Саудиска Арабија.
- Сакам да останам во ПСЖ и следната сезона. Имам договор со овој тим. Никој не ми кажа дека треба да заминам, изјави напаѓачот.
Неговиот договор со ПСЖ е до 2027 година и нема намера да си замине предвреме..
- Процесот на опоравување е многу болен и тежок, но сакам што побрзо да се вратам на теренот. Сакам пред се да играм добро, додаде Неимар.
Бразилецот во изминатите шест години одигра 173 натпревари во дресот на францускиот гигант и има учинок од 118 гола и 77 асистенции.
Тој и понатаму е најскапиот фудбалер во историјата. ПСЖ во 2017 година и плати на Барселона неверојатни 222 милиони евра, а засега нема индикации дека некој наскоро би можел да го собори овој рекорд.