Неимар е подготвен на се само за да се врати во Барса

760
epa10357559 Neymar of Brazil reacts after losing the FIFA World Cup 2022 quarter final soccer match between Croatia and Brazil at Education City Stadium in Doha, Qatar, 09 December 2022. EPA-EFE/Neil Hall

Бразилецот Неимар пред седум години ги шокираше Каталонците кога реши да се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, а таквиот потег навивачите на Барселона никогаш нема да му го простат.

Тоа лето изгледаше дека Неимар ќе остане на „Ноу Камп“, но откако ПСЖ покажа интерес да ја активира откупната клаузула, тој реши да ја продолжи кариерата во Франција, правејќи огромна грешка.

Се испостави дека тоа не е најдобриот потег бидејќи Неимар никогаш не успеа да ја достигне формата што ја имаше во Барселона, а покажа дека се покајал една година подоцна кога сакал да се врати во каталонскиот клуб.

Речиси секое лето Неимар и Барселона се една од темите на преодниот рок, а така беше и овој пат, бидејќи се појавија шпекулации дека Бразилецот сака да се врати во своите редови.

Тој се уште се опоравува од тешката повреда на коленото, но покажа желба да ја напушти Саудиска Арабија и Ал Хилал и на негова финансиска штета да го раскине договорот за да дојде во Барселона како слободен играч, но од тоа нема ништо.

Шпанските медиуми потврдија дека Неимар навистина и се понудил на Барселона и порачал дека ќе направи се Каталонците да не ги чини финансиски ништо само повторно да заигра во дресот на тој тим.

Сепак, претседателот, Жоан Лапорта, веднаш да му одговорил на Неимар дека не се заинтересирани за неговите услуги.

Иако би бил големо и звучно засилување за Барса, тие не можат да заборават што им направи пред седум години и ја отфрлија опцијата да му бидат „излезен билет“ од С. Арабија.

Каталонски „Спорт“ објави дека и тренерот Ханси Флик рекол дека не му е потребен Неимар и покрај тоа што се обидуваат да донесат засилувања кога се во прашање крилните позиции.

Бразилецот има договор со Ал Хилал уште една година, а во овој клуб пристигна минатото лето за 90 мил. евра од ПСЖ, но на самиот старт се повреди поради што ја пропушти речиси цела сезона.