Пини Захави, агентот на бразилскиот интернационалец од редовите на Ал Хилал, Неимар, експресно ги демантираше пласираните шпекулации дека неговиот клиент планира да си замине од Саудиска Арабија за време на летниот преоден рок. Поголемиот дел од фудбалските медиуми со месеци шпекулираат дека крилниот напаѓач планира да се врати во родниот Бразил.