Овој викенд Скопје ќе биде домаќин на состанокот холандско-белгиската конституенца на Светската банка и Мееѓународниот монетарен фонд, еден од најголемите настани од финансиската област, што кога-било се случил во нашата држава.
Домаќини на овој состанок со меѓународно значење кој кај нас се одржува за прв пат по 2005 година, се Народната банка и Министерството за финансии. Главна тема на која од 21 до 23 овој месец ќе дискутираат високите претставници на двете меѓународни финансиски институции и другите учесници е „Како до поправедно општество и поправеден ситем“.
Според министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, темата е исклучително актуелна во целиот свет, особено во Америка, каде што нееднаквоста е многу изразена и се продлабочува по финансиската криза, но ио во Европа, каде по кризата стагнира. На состанокот на Конституенцата, во која се 15 земји членки на Светска банка и ММФ, меѓу кои и нашата, ќе се бараат одговори за причините на нееднаквоста во општеството и ќе се констатираат трендовите, особено во посткризниот период.
-Меѓутоа, нема да се застане тука, ќе се дискутираат и можни решенија, политики во различни аспекти кои на крајот треба да доведат до позитивни ефекти, односно да доведат до порамномерна дистрибуција на доходот во секое едно општество, појасни Ангеловска-Бежоска.
Министерот Тевдовски оценува дека состанокот е огромно признание и поддршка за нас и се случува во период кога имаме многу позитивни сигнали во економијата, позитивни случувања, подигнувања на кредитниот рејтинг, а исто така ќе биде најдобра промоција на нашата земја.
На форумот ќе учествуваат високи претставници од ММФ и Светска банка, како и голем број министри за финансии и гувернери од членките на Конституенцата. Од ММФ доаѓаат дирекорот за европскиот дел Пол Вилсон, кој е добар познавач на состојбите кај нас, зашто прв шеф на мисија на Фондот во нашата држава и директорот за фискални политики Виктор Гашпар. Од Светска банка ќе присуствуваат тројца директори, што, како што вели Тевдовски е невообичаено за овој формат на состаноци. Меѓу говорниците се очекува посебен интерес да предизвика професорот на Универзитетот во Чикаго, Луиџи Зингалес кој ја проучува нееднаквоста во САД.
(С.В.)