Недозволив инцидент во Сараево: Шестнаесетгодишно девојче почина по вадење заб во приватна клиника

4012

Шеснаесетгодишно девојче почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) откако претрпе тешки компликации при стоматолошка процедура во приватна ординација во Сараево.

Сараевските медиуми објавија дека девојчето во придружба на нејзините родители побарало стоматолошка помош поради интензивна забоболка, но дека нејзината состојба нагло се влошила по вадењето на забот.

Гнојот од забот се проширил по вратот, предизвикувајќи сериозна инфекција која преминала во сепса, пренесуваат медиумите.

Девојчето во критична состојба е итно префрлено во КЦУС, каде лекарите вложиле максимални напори да ја спасат, но компликациите биле фатални.

Од Обвинителството на кантонот Сараево потврдија дека биле информирани за смртта на шеснаесетгодишното девојче и биле преземени дејствија со цел да се проверат сите околности на нејзината смрт.