Неделен извештај за квалитет на амбиентен воздух од 3 до 9 февруари 2020

49

Во приложениот извештај, дадена е анализа на среднодневните концентрации на ПМ10 од Државниот автоматски систем за квалитет на амбиентен воздух.

Од анализата се забележува дека среднодневната гранична вредност за суспендирани честички со големина до 10 микрометри РМ10 (50 микрограми на кубен метар) е надмината на мерните места Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ректорат, Миладиновци, Битола 2, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Струмица, Тетово и Велес 2.

Прагот на информирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 микрограми на кубен метар не е надминат на ниту едно мерно места во државата.

Прагот на алармирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 175 микрограми на кубен метар кубен не е надминат на ниту едно мерно места во државата.

Подетални информации можете да најдете на следниот линк: http://air.moepp.gov.mk/