Неделата, 21 јули, најтопол ден во историјата на планетата

48

Неделата од изминатиов викенд, 21 јули, беше најтоплиот ден забележан на глобално ниво, покажаа прелиминарните податоци на службата за климатски промени Коперник на Европската унија. Глобалната просечна температура на површинскиот воздух на 21 јули достигна 17,09 степени Целзиусови – малку повисока од претходниот рекорд поставен во јули 2023 година од 17,08 степени Целзиусови.
Топлотните бранови изгореа големи делови од САД, Европа и Русија во текот на изминатата недела.
Во 2023 година четири дена по ред беше соборен рекордот, од 3 до 6 јули, бидејќи климатските промени, поттикнати од согорувањето на фосилните горива, предизвикаа екстремна топлина низ северната хемисфера.
Секој месец од јуни 2023 година до сега е рангиран како најтопол на планетата од почетокот на евиденцијата, во споредба со соодветниот месец во претходните години, рече Коперник.
Некои научници сугерираат дека 2024 година би можела да ја надмине 2023 година како најтоплата година од почетокот на евиденцијата, бидејќи климатските промени и природниот временски феномен Ел Нињо, кој заврши во април, поттикнал уште повисоки температури во 2024 година, пренесува Ројтерс.