Мегапопуларната пејачка и во осмата деценија од животот не се предава! На овие мои години како баба на моите внучиња сигурно дека нема да ловам млади момчиња, да се занесувам дека сè уште можам, кога самата природа дава до знаење дека до тука е границата. Со некои работи мораме едноставно да се помириме, вели сè уште згодната Неда
Време е да се потсетиме дека популарната српска пејачка, со босанско потекло, Неда Украден, беше долги години во брак со познатиот сараевски режисерот Милан Билбија. Тој од Неда беше 14 години постар, но за голема жал, почина во 2013 година на 77-годишна возраст од мозочен удар. Оттогаш пејачката функционира како вдовица и никогаш повеќе не се мажела.
– На овие мои години како баба на моите внучиња сигурно дека нема да ловам млади момчиња, да се занесувам дека сè уште можам, кога самата природа дава до знаење дека до тука е границата. Со некои работи мораме едноставно да се помириме: дека сè поминува, па и самиот живот, но тоа не значи дека треба да сме тажни, депресивни. Тоа никако, не! Јас дури ни по војната во Босна не паднав во депресија. Повторно застанав на нозе и тргнав пак да пеам иако тие години воопшто не ми беше до пеење, но мораше понатаму да се живее. Мора да сме храбри, весели, самите за себе убави, привлечни, свежи, со позитивни мисли.
–
Едноставно кажано, да си посакаме кога ќе се разбудиме ништо да не нè боли, а нашите најмили да ни се тука некаде околу нас. Така е тоа со мене, раскажа Неда неодамна во една ТВ-емисија. Пејачката и ова лето, работно ќе го помине на црногорското приморје, а ќе одмора во својата луксузна куќа во малото место Лепетане во Бока Которска.
Таа, сите овие години по смртта на сопругот остана да живее сама со ќерката Јелена, која во меѓувреме израсна во грациозна девојка и жена, која се омажи и роди три деца. Сега Неда има и внучиња, а иако е така, иако има пристојни години и понатаму активно пее и има концерти за своја публика од Вардар до Триглав….има една неверојатна вродена енергија, за сè.
– Станот во кој живеам е толку голем што ние членовите на домаќинството мораме да се јавуваме на мобилен, вели насмеаната Јелена Билбија-Украден, ќерката на Неда. Среќа наша што постојат вакви умни телефони, па си пишуваме СМС-пораки, или сме на Вибер. Праќаме и слики, сè поради тоа да може мама секогаш да се одмори од ноќните концерти, од патувањата. Сепак, мама ретко се одмора во онаа буквална смисла, ќе поспие три-четири часа и толку. Наутро ја чека појадок, кафе, сок. Тоа јас ѝ го подготвувам, бидејќи на таква мајка ништо не смее да ѝ фали.
–
Така јас да работам, патувам, пеам, со тоа темпо, да сум постојано гушната со фановите, па јас би спиела мислам, сигурно едно добри три дена. Но мајка ми е феномен! Никој не е како мојата Неда. Има сила на змеј кога е на сцената, а кога е по дома, се разбира ненашминкана и сосема опуштена, тогаш е во тренерки, нежна е, чувствителна, најсакана баба со своите внуци, објаснува Јелена која со сопругот Предраг имаат успешен семеен бизнис во Белград.
А, Предраг како зет е едноставно обожуван зет од страната на својата баба Неда. Тој дури на една рака го има истетовирано името на Неда, во знак на благодарност кон неа и кон сето она што таа прави за неговото семејство, за неговите деца (синот и две ќерки), нејзините внуци. Д.М. фото:ФБ-Инстаграм