Неговиот соиграч се самоуби откако дознал што има направено со девојка му

820

Џон Тери некогаш беше еден од најдобрите дефанзивци во светот, но неговата кариера ја одбележаа одредени скандали, меѓу кои и спиењето со сопругата на репрезентативниот колега Вејнер Бриџ. Сепак, неговиот постар брат Пол направи уште поголем скандал.

Пол, кој има 44 години, не бил ни приближно успешен како неговиот брат. Играше претежно во пониските лиги, а додека беше член на Рушден и Дајмондс поради него се самоуби неговиот соиграч.

Имено, Дејл Робертс се самоубил поради срамот затоа што неговата вереница имала афера со Пол Тери. Немилиот настан се случи во 2011 година.

Робертс се самоубил со бесење откако дознал за аферата, а во тоа време негов најдобар пријател бил Адам Џонсон, подоцнежна ѕвезда во Премиер лигата, но и осуден педофил.

Линдзи Кауан, која изгледаше вознемирено на погребот, се обиде да ги демантира информациите и тврдеше дека поранешниот младински репрезентативец на Англија не се самоубил поради секс аферата.

Пол Тери тогаш не се појави на погребот и продолжи да живее проблематичен живот и да има проблеми со законот.

Од фудбалот се збогуваше во 2012 година, истата година кога неговиот брат Џон го постигна најголемиот успех во кариерата освојувајќи ја Лигата на шампиони со Челзи.

Постариот од браќата Тери потоа беше фудбалски менаџер шест години. После тоа се сврте кон тренерската работа, каде исто така не се прослави.

Тој беше неколку години во брак со Сара Кончески, сестрата на уште еден познат англиски фудбалер, Пол Кончески. Откако добија две деца, тие се разведоа.

Пол имаше проблем со обложување пред неколку години, откако беше казнет со 1.000 фунти, откако како привремен тренер на Вест Бром се обложи на дури 34 натпревари на неговиот тим.

Пол уплаќал во просек 300 фунти на 209 натпревари и неговата загуба беше околу 50.000 фунти. Поради таквиот проблем беше испратен на лекување.