Фудбалските медиуми на Апенинскиот полуостров открија дека напаѓачот на калчо гигантот Милан, Оливие Жиру, во финишот од летниот преоден рок добил понуда за кам-бек во француската Лига 1. Репрезентативецот на „Галските петли“ бил контактиран од раководните лица на Рен, но за време на телефонскиот разговор Жиру ги информирал дека не планира да си замине од Милано и дека сака да игра во Лигата на шампиони.