Невозможно е да се предвиди во која мера Трамп ќе ги исполни предизборните ветувања

111
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков оцени денеска дека е невозможно да се предвиди во која мера новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе ги исполни предизборните ветуваања.
Песков рече дека исполнувањето на предизборните ветувања на Трамп е помалку предвидливо од ставот на демократите, односно од политиката на сегашната американска администрација, пренесе РИА Новости.
Портпаролот на Кремљ изјави во интервју за каналот Телеграм на новинарот Павле Зарубин дека е најдобро дискусиите за тоа дали на Трамп ќе му биде дозволено да работи и да ги развива односите со Русија во текот на вториот мандат треба да им се препуштат на експертите- политиколози, а дека Москца ќе продолжи да го следи планот за постигнување на своите цели, пренесува Танјуг.