Неверојатно истражување: Хип-хопот го засилува вкусот на сирењето

95

Изложеноста на сирењето на постојана музика може да го засили неговиот вкус, при што се покажало дека при тоа хип-хопот е поефикасен од делата на  Моцарт, објавија швајцарски научници.

Девет пити Ементалер тешки по 10 килограми во септември биле сместени во посебни дрвени кутии за да се испита влијанието на музиката врз нивниот мирис и вкус. Притоа, питите биле изложени на „Волшебната флејта” од Моцарт, „Stairway to Heaven” на Лед Цепелин, хип-хоп песната „We Got it From Here“ од бендот „А Трајб Калд Квест“, техно композицијата „UV” на Врил и „Monolithy” на Јелоу.

– Утврдивме доста јасни разлики во интензитетот на вкусот и мирисот… Најдобро оценет е примерокот изложен на хип-хоп, во смисла – на овошните ноти… Тој имаше најинтензивен мирис и вкус, се вели во напис на Уметничкиот универзитет на Берн.

Во следната фаза, пет до десет различни видови сирење ќе бидат изложени на хип-хоп и повторно ќе се тестира влијанието на овој жанр врз храната.