Секако знаете што е пилатес. Но, дали ви е познат и бизарниот начин на кој се појавил овој збор и вежбите?
Денес е совршена вежба за оние кои сакаат да ги стопат калориите и да изгледаат слаби. Сепак, првично пилатесот не бил наменет за слабеење. Тоа бил начин луѓето да преживеат во затворските логори. Пилатесот е културен феномен роден од мачење.
На почетокот на Првата светска војна, британската влада се сомневала во младите Германци. За да го контролира имигрантското население, многумина биле уапсени и сместени во логори на островот Ман.
Во еден од овие затвори биле сметени 23.000 луѓе. Условите биле лоши, а многумина затвореници се жалеле на „болеста од бодликавата жица“, ментална исцрпеност слична на депресијата.Џозеф Пилатес, нашол лек за затворениците.
Тој бил познат боксер пред војната, па верувал дека вежбањето може да ја зајакне германската одлучност. Користејќи ги железата од креветите, направил нешто како направа за вежбање. Затворениците можеле да вежбаат дури и додека лежеле во кревет, пренесува „Б92“.
Неговиот производ функционирал. Ниту еден од затворениците кои ги практикувале вежбите на Пилатес не починал од шпанскиот грип кој се раширил во 1918 година.
По војната, пилатесот доживеал голем успех во Америка, а Пилатес станал гуру за љубителите на здраво живеење и вежбање ширум светот.