Неверојатен случај во САД: Возило на Брза помош удрило велосипедист, па му наплатиле превоз до болница

62

Велосипедистот од Орегон, Вилијам Хош (71) поднесе тужба против ЕМС бидејќи му наплатила 1.862 долари за да го однесе во болница, откако бил удрен од амбулантно возило на улица.

Во тужбата, Хош бара отштета од 997.000 долари за болка, страдање и медицински трошоци, објави „Гардијан“.

Несреќата се случила во октомври 2022 година, додека Хош возел велосипед низ областа Колумбија.

Брза помош му го скршила носот кога се обидела да сврти десно.

По несреќата, Хош бил пренесен во болница, а набрзо добил сметка за 1.862 долари „превоз до болница“.

Во тужбата, поднесена на 24 октомври минатата година, Хош тврди дека се здобил со трајни повреди и дека неговите медицински трошоци во моментов достигнале 47.000 долари, со очекувани дополнителни трошоци од 50.000 долари, пренесува Танјуг.