Н’Голо Канте го шокираше фудбалскиот свет

1469
epa09906764 N'Golo Kante (L) of Chelsea in action against Pablo Fornals (R) of West Ham during the English Premier League soccer match between Chelsea FC and West Ham United in London, Britain, 24 April 2022. EPA-EFE/VINCENT MIGNOTT EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Н’Голо Канте е познат како исклучително скромен човек. Иако годишно заработува десетици милиони евра, францускиот интернационалец не сака да троши пари, што го покажа и со изборот на мобилен телефон.

Додека обичните луѓе трошат илјадници евра за да добијат мобилен телефон од високата класа, Канте не смета дека вреди да се инвестира во такво нешто и се одлучи за исклучително скромна варијанта.

Французинот со години носел мобилен телефон кој не бил особено функционален. Тоа беше стара верзија на една позната марка, а телефонот беше доста користен и често пати расипан.

Дури откако станал дисфункционален, Н’Голо реши да направи промена. За нов мобилен телефон издвоил нешто повеќе од 100 евра.

Искусниот играч за врска реши да купи мобилен телефон од помалку познатиот бренд Техно. Сосема е доволно да може да се јави или да прати порака, а за други работи не му треба.

Со таквиот нов потег Канте уште еднаш покажа колку е понизен. Не сака да потроши ниту едно евро повеќе иако годишно заработува 25 милиони евра нето.

Стандардниот првотимец во дрест на Ал-Итихад од Саудиска Арабија претходно седум години го носеше дресот на Челзи, а играше и за Лестер, Каен и Булоњ.

Во текот на кариерата стана познат по својата скромност, со која се запознаени и неговите поранешни и актуелни соиграчи.

Канте долги години вози скромен Mini Cooper, се труди да живее што е можно понормален живот и дури неодамна реши да купи малку поквалитетен автомобил.

-Канте има исти телефон 10 години, не се грижи за автомобили, не се грижи за облеката, изјави поранешниот соиграч на Французинот, Каи Хаверц.

 

ИЗДВОЕНИ