Пристигна кошаркарска сензација од САД. Имано, момчето без лева рака, Хансел Енмануел, летово стана член на познатиот Нортвестерн колеџ и ќе има можност да се натпреварува со најголемите таленти кои играат ширум САД и сакаат да се пробијат до НБА.

Младиот кошаркар е роден во 2003 година во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго, а израснал во една од најопасните населби на тој град – Лос Мина. Енмануел уште од мали нозе сонувал да биде професионален бејзбол играч, но неговите соништа биле скратени многу брзо. При несреќа, кога врз тогаш шестгодишниот Хансел паднал бетонски блок, останал заробен, а многу брзо како последица на несреќата му била ампутирана цела рака, од рамо.

Многу брзо Хансел се опоравил и продолжил да живее со таа повреда, а следна желба му била да игра кошарка, како неговиот татко кој професионално играше во Доминиканската Република. Тој тргна по неговите стапки и брзо стана главна атракција на кошаркарските терени низ Санто Доминго, додека снимките од неговите настапи привлекоа големо внимание и во САД.

Токму тоа била клучната работа во животот на младиот кошаркар, бидејќи во јануари 2021 година, добил школарина од Академијата „Лајф Кристијан“ од Флорида. Интересно, тренерот на таа програма е поранешен соиграч на таткото на Енмануел, па тоа беше вистинскиот избор за продолжување на кариерата. Многу брзо Хансел стана лидер на оваа гимназија, но успешно настапуваше и во локалните аматерски лиги, па започна голема битка на престижните кошаркарски универзитети за неговиот потпис.

Во наредниот период го бараа големи универзитети како Тенеси и Мемфис, а на крајот се одлучи за Универзитетот Нортвестерн кој игра во елитната дивизија на НЦАА кошарката. На почетокот на ноември тој го имаше официјалното деби против Илионис играјќи осум минути и за тоа време забележа една украдена и две лични грешки. Досега одигра четири натпревари и се уште се навикнува на условите во САД, а многумина се надеваат дека би можел да испише историја и да влезе на НБА драфтот. Засега, неговите игри ги следат бројни НБА тимови, па се очекува наскоро да добие и повик од некој од нив.