Легендарниот НБА играч, Шекил О’Нил смета дека модерната лига стана премногу чувствителна и мека.

– Многу, многу чувствителна. Многу мека. Има премногу политика во лигата. Го мразам овој термин, но сите велат дека ова е ерата во која живееме, затоа мора да ја прифатиме. Но, има едно нешто што нема да го прифатам, а тоа е кога добрата игра ќе се оцени како одлична. Ова нема да го дозволам. Играв со играчи како Џордан, Баркли, Мелоун, Стоктон, сите овие се одлични момци, па знам што е вистинска величина. Еднаш кажав нешто за Донован Мичел и сите почнаа да ме осудуваат. Но, тие не ме послушаа. Јас само ги набројав одличните дефанзивци со кои играв. Донован е добар кошаркар кој оди по својот пат. Но, не треба да го нарекувате одличен и наследник, потенцира О’Нил.

Со висина 216 сантиметри и тежина 147 килограми, Шек е еден од најтешките играчи кои играле во НБА. Тој освои три последователни првенства, играјќи заедно со Коби Брајант во 2000, 2001 и 2002 година.

Но, подоцна односот помеѓу О’Нил и Брајант прерасна во непријателство, што доведе до негов трансфер во Мајами Хит во 2004 година. Тој четвртата НБА титула ја осови во 2006 година, но после година и 6 месеци беше продаден на средината на сезоната на Феникс Санс, по неполни две сезони беше продаден на Кливленд Кавалерс, каде што играше заедно со ЛеБрон Џејмс во 2009-10 година.