На 96-годишна возраст, почина првата сопруга на Фидел Кастро, Мирта Дијаз-Балард

73

Првата сопруга на поранешниот кубански претседател Фидел Кастро, Мирта Дијаз Баларт, почина во Мадрид на 96-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Фидел Кастро, кубанскиот револуционерен лидер, почина во 2016 година на 90-годишна возраст. Дијаз-Баларт е мајка на првиот син на Фидел Кастро, Дијаз-Баларт – Фиделито, кој изврши самоубиство во 2018 година, откако страдаше од тешка депресија, објави Diario de Cuba.

Мирта Дијаз-Баларт е родена во Хавана во 1928 година, припаѓала на високата класа и студирала филозофија и литература на Универзитетот во Хавана, каде што го запознала Кастро, кој студирал право. Со него се омажила во 1948 година, а се развеле во 1955 година, пренесува Танјуг.