На 86 годишна возраст : Почина модниот креатор Карл Лагерфелд

47

Еден од најпознатите светски модни дизајнери, Германецот Карл Лагерфелд почина денеска на 86-годишна возраст по кратко боледување. Веста за смртта на креаторот ја објави францускиот весник „Пари мач“.

Лагерфелд беше креативен директор на модната куќа Шанел.

Тој е роден на 10 септември 1933 во Хамбург. Низ годините тој креираше за некои од најпознатите јавни личности во светот, а неговите креации ги носеа Мерил Стрип, Бијонсе, Ријана, Синди Крафорд, Блејк Лавли, Хајди Клум, Ванеса Паради, Кети Пери, Кејт Мос и други.