Четири атрактивни музички филма на „Скопје синема сити“

376

„Гледајќи го Глас“ е првиот од четирите атрактивни музички филмови кои ќе бидат прикажани во рамките на зимското издание на Фестивалот „Скопје синема сити“ што на 5 и 6 февруари, со почеток од 19 часот, ќе се одржува во Кинотека на Македонија.

„Гледајќи го Глас“ е филм за реномираниот филмски композитор Филип Глас, на кој во декември 2019 година од страна на фестивалот му беше врачена наградата за животно дело за достигнувања во музиката и филмот. Овој филм за Глас е во режија на Ерик Дармон.

На 31 јануари 2020 Филип Глас ќе наполни 83 години и е сè уште е активен и како композитор и како изведувач. Тој е еден од четирите основоположници на „минимализмот“, правец во класичната музика кој во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, кој направил револуција во класичната музика. Зад него е огромен опус кој се состои од голем број симфониски дела, филмска музика, опери, музика за театар, дела за соло инструменти, хорска музика…

Истата вечер ќе биде прикажан и музичкиот филм на Фолкер Шанер за даб реге легендата Ли Скреч Пери: „Визијата за рајот на Ли Скреч Пери.“

Наредниот ден, поточно на 6 февруари, ќе бидат прикажани и филмовите „Queen: Приказната зад Боемската рапсодија“, како и „Постигни или умри: Приказната за пијанистот Ланг Ланг“.