На 38 лица доделени решенија за вработување на неопределено време

76

Директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Зухејр Реџепи, додели решенија за вработување на неопределено време на вкупно 38 лица.

Како што информираат од ЈП „Паркови и зеленило“, именуваните, кои долги години привремено работеле во претпријатието, докажале дека се одговорни работници. При тоа, со заложба на директорот и на новото раководство и со безрезервна поддршка од Градот Скопје, конечно е решен нивниот статус.

– Со оваа одлука, убедени сме дека овој тим вредни работници ќе даде максимален придонес во одржувањето на зелените површини во главниот град, како што прилега на еден модерен град – потенцираат од ЈП „Паркови и зеленило“.