Free Porn
xbporn
Дома МАКЕДОНИЈА На 30 јули започнува судењето против обвинетите за убиството на Вања Ѓорческа...

На 30 јули започнува судењето против обвинетите за убиството на Вања Ѓорческа и на Панче Жежоски

50

Во Кривичниот суд е предвидено на 30 јули да започне судењето против обвинетите за двојното свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Осум месеци откако беа уапсени на обвинителна клупа ќе седнат Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов. Обвинети се дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата. Дека помогнал во грабнувањето на Вања, обвинет е и нејзиниот татко Александар Ѓорчевски.

Согласно АКМИС системот, во предметот ќе суди судијата Ивица Стефановски, претходно познат како судија кој постапуваше во случајот Монструм. Извесно е дека за нив обвинителството ќе бара највисока казна – доживотен затвор.

Според обвинението целта на обвинетите им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп.

Судот во понеделникот соопшти дека обвинителниот акт се одобрува во целост, а приговорите на одбраната се одбиени како неосновани. Во меѓувреме продолжува истражната постапка за Љупчо Палевски Палчо.