Општина Охрид објави оглас за јавно наддавање за поставување урбана опрема – покриени и непокриени шанкови на 14 локации во градот и околината, за тригодишен период до 2026 година.
– Шанковите што ќе се поставуваат треба да бидат лесно монтажно демонтажни и изработени од природни материјали (дрво или имитација на дрво) кои ќе се вклопат во околината, без притоа да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот, во градското подрачје на Охрид, како и надвор од градот на подрачјето на Општина Охрид – се наведува во огласот.
По завршување на јавното наддавање за секоја локација ќе се склучува Договор за условите и начинот на користење и одржување на добиените локации.