Пукна тиквата меѓу синот на најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, Маркус, и добропознатата ТВ-ѕвезда, Ларса Пипен, инаку бивша сопруга на Скоти Пипен.
Иако изминатиов период најавуваа венчавка, сепак, како што пренесуваат американските медиуми, нема да се случи тоа, бидејќи се разделиле.
- Тие не се заедно – изјави извор откако ѕвездата на „Вистински домаќинки од Мајами“ ги избриша сите докази за нивната врска од својот Инстаграм, што предизвика шпекулации за нивна разделба.
Тоа што се следеа на оваа социјална мрежа, ги засили гласовите.
Мајкл Џордан дополнително создаде тензија, јавно осудувајќи ја нивната врска.
- Маркус рече дека се шегувал Мајкл кога рекол дека не ја одобрува врската, но тоа навистина ја погоди Ларса – открива изворот.
Покрај тоа, расправиите на Мајкл со поранешниот сопруг на Ларса, Скоти Пипен, исто така создадоа големи проблеми во врската.
- Историјата меѓу Мајкл и Скоти ги комплицираше работите, иако Ларса и Маркус дадоа сè од себе да го надминат тоа. На крајот од денот, Мајкл е татко на Маркус, а Скоти е татко на децата на Ларса – вели изворот, мислејќи на децата на Скоти и на Ларса: Скоти Џуниор (23), Престон (22), Џастин (19) и Софија (16).
Инаку, двојката неодамна се пофали дека има бурна врска исполнета со многу секс, бидејќи како што откри Ларса, имале и по четири пати на ден, исто толку колку што имала и додека беше во брак со Скоти.