Шпанскиот гигант Атлетико (М) е на добар пат да ги осигури услугите на триото од редовите на португалскиот прволигаш Порто, Хектор Херера, Филипе и Алекс Телес.

За разлика од мексиканскиот интернационалец Херера, кој ќе пристигне на „Ванда Метрополитано“ како слободен играч, „јорганџиите“ ќе мораат да одвојат сериозна парична сума за обесштетувањето на Филипе и Телес.

Според Порто, Филипе вреди 25 мил. евра, а Телес вреди најмалку 40 мил. евра.