Најтрофејниот шпански клуб, Реал (М), планира да ангажира тројца фудбалери кои моментално го носат дресот на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен. Популарните „фармацевти“ се лидери во националниот шампионат, а „кралскиот клуб“ ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на Флоријан Вирц, потоа на холандскиот интернационалец Џереми Фримпонг и на репрезентативецот на Нигерија, Виктор Бонифејс.