На убавиот син Дунав – Нино Величковски ќе ја претставува Македонија на „Тамбурица-фест 2024“  

177

Од 12 до 15 септември во Нови Сад !!!

„Још сам туј, још сам туј сас вас. Још ќе поју и ќе се држу све док машњу мож’ да вржу, кажа Нино духовито, но вистинито, онака оригинално на својот кумановски „јазик“, за весникот ВЕЧЕР, пред настапот во Нови Сад

 Светскиот тамбурашки фестивал „Тамбурица фест“ е музичка манифестација со единствена концепција и културно-уметничка мисија со цел да ја афирмира тамбурашката музика во овој дел на Европа. И овој септември ќе се одржи во убавиот Нови Сад, во Србија, на убавиот син Дунав.

Фестивал е со натпреварувачки карактер, така што секоја година стручното жири доделува престижни награди:за најдобар Фестивалски тамбурашки оркестар, за најдобар примаш, најдобар баспримаш, најдобар бегешар (сè се тоа специфични категории на музичари-тамбураши, н.з.), потоа за најубава нова тамбурашка песна,  за најдобар вокален солист, како и првите три награди од публиката.

Инаку, Светска асоцијација на фестивали (ВАФА) „Тамбурица фест” го прогласи за најдобар Етно-фестивал во Европа. Освен тоа овој фестивал е прогласен и за најдобрата туристичка манифестација на територијата на Република Србија.

Треба да се истакне дека по повод одржувањето на фестивалот, претседателката на Покраинската влада, Маја Гојковиќ, се состана со директорот на фестивалот, Јован Пејчиќ, при што таа истакна дека максимално го подржуваат „Тамбурица-фест“ како дел од културното благо на Војводина-Република Србија и градот Нови Сад.

А, токму на еден таков фестивал, кој е од огромно музичко значење, и овој септември учествува и Македонија.  Македонскиот претставник оваа година е добро познатиот и популарниот Кумановец, пејачот Нино Величковски. Нашиот омилен пејач настапува со песната „Меденица“. Во остра конкуренција, бидејќи на сцената ќе слушнеме повеќе од 30-ина интерпретатори од многу држави, дури и од далечните Аргентина и Канада. Нино ќе ја пее песната на својот македонски јазик, со што и на тој начин Фестивалот му дава на значење на певливиот македонски јазик.                                  Музиката и текстот за оваа убава песна, која ќе се натпреварува за една од наградите е Младен Протиќ. Нино ќе пее во живо.

По поводот на учеството на „Тамбурицафест“ во Нови Сад, секогаш добро расположениот Нино, изјави за весникот ВЕЧЕР:

-Без трошка претерување, још сам туј, још сам туј сас вас. Још ќе поју и ќе се држу све док машњу мож’ да вржу, кажа Нино духовито, но вистинито, онака оригинално на својот кумановски „јазик“. Ние му стегаме палци не само за претстојниот настап во кој не се сомневаме, туку и да освои некоја од наградите. Македонија е секогаш горда на Величковски и неговото пеење и на Меѓународните фестивали.

Дуле Миќиќ / фото:архива