На Токсикологија нема да има повеќе каубојски вработувања, само преку јавен оглас

Ветувања на новиот директор Чибишев, за што подршка доби од Таравари

433

Како што информираше новиот директор на Клиниката за Токсикологија, д-р Андон Чибишев информира дека 18-те лица кои беа без валидни договори, нема повеќе доаѓаат на работа во нивната клиника. Според него за нивните плати буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Според него во иднина на Токсикологија ќе има вработувања според законот и преку јавен конкурс. Тој најави дека приоритет ќе му биде подобрување на условите за работа на Клиниката, набавка на нова медицинска опрема, воведување нови протоколи на лекување, подобрување на комуникацијата со сите здравствени институции…

 

Новиот директор на Клиниката за Токсикологија, д-р Андон Чибишев информира дека 18-те лица кои беа без валидни договори, нема повеќе доаѓаат на работа во нивната клиника. Според него тие незаконски биле дел од институцијата, а со тоа што добивале плата,за одреден износ оштетен е и буџетот.Чибишев посочи дека целокупната  документација околу овој случај ја доставиле на належните органи тие да одлучуваат во рамките на законот.

– Буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Секој денар ни е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесуиран пред надлежните институции, кажа новиот директор Чибишев потенцирајќи  дека повеќе нема да има „каубојски“ вработувања.

Во иднина на Токсикологија ќе има вработувања според законот и преку јавен конкурс. Чибишев оцени дека во изминатиот период Клиниката била доведена во ситуација на организациски и кадровски колапс, а тоа во моментов уште повеќе ја отежнува состојбата бидејќи е период на годишни одмори.Како што вели во моментов на Клиниката има голем недостиг на кадар од сите профили и тоа мора да биде решено најитно за да можат да одговорат на потребите на пациентите.

-Просечната возраст на докторите на Токсикологија е над 50 години, затоа е потребно да дојдат млади кадри- смета д-р Чибишев и дополни дека добро е што си замина економската директорка Бесија Иљази, но тој нема да се занимава со реваншизам, прогон на неистомисленици и со правење опструкции.

Новиот директор најави дека нивен приоритет ќе биде подобрување на условите за работа на Клиниката, набавка на нова медицинска опрема, воведување нови протоколи на лекување и подобрување на комуникацијата со сите здравствени институции, но и со медиумите.

-Најголем проблем ни е кадровската екипираност за да одговориме на предизвиците- вели д-р Чибишев и дополни дека е задоволен од комуникацијата со новиот министер за здравство, Арбен Таравари, со кој работат на решавање на проблемот со недостатокот од кадар.

Веќе е  направена проценка колку кадри ни се неопходни за да можат да го истуркаат летниот период.

-Недостаток на кадри има на сите нивоа – доктори, сестри, болничари, хигиеничари, лаборанти.Ќе ни требаат 15 луѓе од сите профили. Сведени сме на 15 доктори, процентот на старост е над 50 години. Ни требаат млади, свежи кадри кои можеме да ги обучиме. Некој треба да продолжи да работи и да ја држи институцијата на ниво, смета Чибишев и нагласи дека ќе поднесе барање што поскоро да се почне постапката за вработување на нови кадри(В.Ма.)