На технички преглед однесени 58 автобуси и комбиња

37

Во станица за технички преглед во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, во текот на вчерашниот ден се однесени 58 автобуси и комбиња, кои вршат јавен превоз на патници. Од МВР денеска информираа дека шест биле технички неисправни.

Инаку, само на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 20. Изречени се и 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила и 62 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.