На тендер се бараат понуди за бесплатен превоз на ученици

124

Почна постапката за тендерот за бесплатен превоз на учениците од соседните општини, што учат во штипските средни стручни училишта, информира раководителката на Секторот за јавни дејности, ЛЕР и образование во Општина Штип, Билјана Казанџиска.

Деновиве ќе биде објавена тендерската постапка за транспортните фирми, кои ги превезуваат учениците. Таа потенцира дека општината минатата година се раздолжила кон сите транспортни фирми за бесплатниот превоз, а долгот од неколку милиони денари, со години претходната власт не го намирувала.

– Минатата година ги исчистивме сите долгови. Сметката е на нула. Така што оваа година со новиот тендер имаме нови зафаќања и почнуваме со позитивно салдо – вели Казанџиска и смета дека добивањето на повеќе средства преку блок-дотациите од централната власт и помогнале на општината да ги расчисти долговите за превоз на ученици.