На теми од животот: Младите снимаат документарци низ Скопје

128

Деновиве на повеќе локации во Скопје “идните режисери” снимаат документарни филмови. Се работи за 12 млади од Македонија, од втората генерација т.н. „докуникулци“ на фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“. Филмовите опфаќаат теми што се поврзани со животот на младите луѓе, како музика, автостоп и урбани приказни.

Премиерата на филмовите ќе се одржи на десеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, што ќе се одржи од 21 до 28 август во Скопје. Изборот на темите беше направен на минатогодишниот „пичинг“, што се одржа во рамките на Патувачкото кино на “Македокс# во партнерство со фестивалот „Дрим ОН“ во Струга.

Филмската работилница „Докуникулци“, пак, е поддржана од NED (National Endowment for Democracy) од Вашингтон и Агенцијата за филм.
Резултат од работата на првата генерација „Докуникулци“ на „Македокс“ беа трите кратки документарни филмови „Адолесцензура“ (Македонија, 2018, 14 мин.) на Леа Димитрова, „Поглед во очите“ (Македонија, 2018, 24 мин.) на Јоана Арсовска и „Поинакви“ (Македонија, 2018, 24 мин.) на Розе Симоновска.

Покрај одличниот прием на филмовите на премиерите во рамки на инатогодишното издание на фестивалот „Македокс“, документарците беа прикажани и на фестивалите „Дрим шорт“ во Струга, „Слободна зона“ во Белград (Србија), во неколку средни училишта во Скопје, како и во рамки на проектот „Од 1 до 101“ на „Чекор по чекор“ во Охрид, Битола и Скопје.