Продукцијата “Кино Око# започна со снимањето на краткиот игран филм “Здив” во режија на Радован Петровиќ. Филмот ќе се снима на локации низ Скопје и ја третира темата на аерозагадувањето.
Главните улоги ги толкуваат: Верица Недеска-Трајкова, Зоран Љутков, Анастасија Аневска и Ториан Азгоур. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, костимограф Жаклина Крстевска, шминкер Ирена Сенокозлиевска, сценограф Симо Бранов, а продуценти се Сања Тодоровска-Арсова и Роберт Насков.
Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РМ.