На Табановце за влез во државава се чека околу 30 минути

25

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце, за влез во државава се чека околу 30 минути, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.