На стогодишнината од смртта на Тодор Александров, откриен споменик во штипско Ново Село

59

По повод 100 години од смртта на Тодор Александров денеска беше одржана панихида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и откриен споменик во паркот, спроти Музејот на ВМРО во старата штипска населба Ново Село, каде што е роден.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов изјави дека на сто годишнината од смртта на Александров, а  на иницијатива на патриотското здружение „Мише Развигор“ и со одлука на Совет на Општина Штип, во штипско Ново Село е поставен споменикот кој што ќе го продолжува неговото дело.