На српските градилишта една третина од работниците се странци

448
Migrant labourers work on a construction site on October 3, 2013 in Doha in Qatar. Qatar, the 2022 World Cup host is under fire over claims of using forced labour. Global football's governing body FIFA kicked off a crunch meeting behind closed doors, amid claims of rights abuses by Qatar and wrangling over plans to hold the tournament in the winter. AFP PHOTO / AL-WATAN DOHA / KARIM JAAFAR == QATAR OUT = (Photo credit should read KARIM JAAFAR/AFP/Getty Images)

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ изјави дека 30 отсто од сите градежни работници во Србија се странци, а нивното учество во земјоделството е уште поголемо.

Весиќ за Вечерње новости најави дека доаѓа либерализација на трудовото законодавство и рече дека Србија почнала да увезува работници, што е добро, бидејќи тоа значи дека напредувала и дека е земја во која може да се заработи.

Тој додаде дека низ цела Европа има пад на градежната индустрија поради војната во Украина и зголемената инфлација, но и поради недостигот на работна сила.

Што се однесува до злоупотребите и работодавачите кои ги заменија домашните работници со странски, Весиќ рече дека такви злоупотреби има и во ЕУ, но тоа не значи дека работната сила не треба да доаѓа во Србија.

И директорот на Националната служба за вработување (НСВ), Зоран Мартиновиќ, потврди дека домашните компании вработуваат се поголем број странци.

Согласно зголемената побарувачка на работодавачите за работна сила, се зголемува бројот на странци кои ги ангажираат домашните фирми, бидејќи тие ги замениле дефицитните профили на работната силаво Србија, пред се во областа на градежништвото – ѕидари, столари, додека сè повеќе има и луѓе кои работат во ИТ секторот, како и во услужните дејности, рече Мартиновиќ.

Мартиновиќ изјави дека од почетокот на годинава се издадени над 14.000 работни дозволи на странци и дека оваа бројка е значително поголема од претходните години.