Балканската музичка ѕвезда Александра Пријовиќ одлично подготвена да ја освои нашата метропола! Парите од настапите почнала да ги вложува во промената на физичкиот изглед. Со естетската хирургија од грдо пајче стана заносна секси убавица, непрознатлива ако се споредува каква била од почетокот на кариерата. Ја освои балканската естрада, а го освои и Филип Живојиновиќ, згодниот син нa Боба Живојиновиќ, сопругот на Лепа Брена
Откако популарната балканска пејачка Александра Пријовиќ (инаку снаа на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ) деновиве ги освои хрватските градови Сплит и Загреб, за 22 ноември се подготвува за голем солистички концерт во нашето Скопје. Во рамките на турнејата „Од истока до запада“.
–
И во македонската метропола исто така ќе биде облечена и во тој тесен црвен фустан со длабок прорез кој ги истакнува нејзините долги затегнати нозе. Фустанот е од брендот „Версаче“ а, цената му е над 3.000 евра.
Инаку, Пријовиќ или како што нагалено ја викаат Прија, родена е во српскиот град Сомбор 1995 година, а со голема популарност се стекнува по успешните настапи во балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“. Три од нејзините песни што ги објавила до 2017 година биле во топ 5 хитови на годината во земјите на поранешна Југославија.
Александра сега важи за најбарана и најтиражна пејачка на овие простори која со леснотија ги полни сите арени во кои настапува. Има многу хитови кои тоа ѝ овозможуваат, како на пример: „Ја сам одлично“, „Све по старом“, „Звук тишине“, „Први си почео“, „Литар вина литар крви“, „Успомене“, „Богата сиротиња“, „Ма пусти понос“, „Вољена грешко“….
Јавна тајна е дека Прија за само некои осум години станала една од најплатените од како направи успеси по локални ресторани и кафеани. Впрочем и самата истакнува дека занаетот на пејачка најдобро се учи во угостителски објекти, дека тоа не е никаков срам, туку предност. Како најпознатите француски шансониери кои го освоија светот пеејќи во најдобрите париски ноќни локали во елитниот дел на градот на реката Сена.
Прија, внимателно ги штедела парите од настапите, па почнала да го менува и физичкиот изглед, вложувајќи во својот изглед.
–
Со естетската хирургија од грдото пајче, стана заносна секси убавица, непрепознатлива ако се споредува каква била од почетокот на кариерата. Ја освои балканската естрада, а го освои и Филип Живојиновиќ, згодниот син нa Боба Живојиновиќ, сопругот на Лепа Брена. Влегувајќи во брак со Филип, Пријовиќка се стекна и со правото да биде и една од наследничките на „Гранд продукција“. Што се вели, пара на пара оди!
Летово во Охрид популарната српска пејачка не криеше колку е воодушевена од приемот кај македонската публика. Речиси целиот македонски Ерусалим дојде на нејзиниот настап. Атмосферата беше вистински неповторлива. Особено затоа што испеа и две наши добро познати песни кои ѝ се најомилени: „Македонско девојче“ и „Јовано, Јованке“. Македонските фанови на Прија направија „ѕвездено небо“ и ги пееја песните со неа во еден глас. Сите се согласни дека истата огнена атмосфера ќе ја видиме и сега на нејзиниот скопски концерт во арената „Јане Сандански“ Д.М. фото:ФБ-Инстаграм