На свадбената фотографија ја видел својата покојна прабаба

1132

Корисникот на Редит со прекар Зкарланд неодамна објави навистина интригантна фотографија од која заклучил дека неговата покојна прабаба присуствувала на неговата свадба!

„Мојата сопруга ги разгледуваше фотографиите од свадбата и на една од нив здогледа жена која нè гледа низ прозорецот. Ми ја покажа сликата и веднаш ја препознав мојата покојна прабаба“, напиша тој и додаде:

„Единствениот постар човек на таа свадба беше во првиот ред. Исто така, на масите под тој прозорец имаше наредено храна, така што навистина немаше начин да се најде таму.

„Никогаш не сум сретнал ништо паранормално и фотографијата секогаш ми предизвикува морници“, додал корисникот на Редит, кој на објавата додал фотографија од прабабата за сите останати да ја споредат со жената која ѕирка низ прозорецот.