На Попова Шапка провејува слаб снег кој не се задржува на коловозот

47

Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на П.Шапка.

Врнежи од слаб дожд во југозападниот дел од земјата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, известуваат од ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.