На Осмото издание на „Гастромак и пријателите 2024“ и славниот ексјугословенски готвач Стево Карапанџа со своите специјалитети

48

Гастрономската мисија продолжува (од денес 9.10.) во Балканскиот Ерусалим!              Традиционално омилениот и популарниот „Гастромак и пријателите “ оваа есен стартува(ше) во убавиот Охрид. Балканскиот Ерусалим ќе ги угости најпознатите имиња од светот на кулинарството и гастрономијата, како што се: Изток Легат од Словенија, Драгица Лукин од Хрватска, Жељко Невен Бремец-Претседател на “Скмер“, Дон Давид од Русија, Вуко Митровиќ од Црна Гора, Хамид Хаџиќ судија од Босна и Херцеговина и Амбасадорот на “Скмер“, како и Асан Даутовиќ, претставник на “Гастромак“.      

Настанот ќе го “зашеќери“ (се уште ѕвездата на вкусниот залак), славниот ексјугословенски готвач Стево Карапанџа!

Воедно сите тие спомнатите ќе одржат интересни предавања поврзани за готвачки брендови, најнови трендови во угостителство, висока гастрономија, креирање на сезонско мени. Ќе објаснат што е бранч и кога се служи, ќе зборуваат за специфики на балканската кујна… Предавањата и мастер-класови не смеете да ги пропуштите, а можат да ги следат сите оние кои се заинтересирани.  “Гастромак“ со веќе познатото мото: „Гастромак и пријателите“ започнува со предавања и мастер класови на најпознатите Wacs-судии (World Association of Chefs Societies- Светската асоцијација на готвачи). Етаблирани готвачки имиња од екс-Ју простори и пошироко: Уве Мишел, потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, Вакс судиите и вистинските брендови во својата бранша.

Мастер-класовите ќе бидат со Драгица Лукин-пекарство и слаткарство, со Жељко Бремец, Хамид Хаџиќ и Никола Мишковски, а темата е „Специјалитетите на куќа со локални продукти (риба, месо и зеленчук)“.

Целта на „Гастромак и пријателите“ е на наредните генерации на готвачи да им се даде мотивација, да им се даде ветер во грб со унапредување на нашата македонска гастрономска сцена, сè со цел тие да останат во родната Македонија, да не заминуваат во странство. Затоа повелете, искористете го умно (убавото) есенско време, ќе имате и што да научите. Ќе дознаете речиси сè од кулинарството, но и ќе ги вкусите некои од многубројните вкусни јадења.

Од се срце сите ги поканува и добро познатата Адријана Алачки, заедно со нејзиниот, на нацијата омилен бренд „Вкусот на традицијата“.                                              Особено е важно се ова да се истакне, бидејќи  своите златни прсти во “тенџерињата“, ќе ги „замеша“ секогаш актуелниот Стево Карапанџа.     Д.М.