На Орнела Мути ѝ се заканува затвор бидејќи вечерала со Путин

515

Бившата манекенка и позната италијанска актерка Орнела Мути е прогласена за виновна за користење на лажни лекарски оправдувања.

Имено, актерката во 2010-та со сила сакала да избегне рецитал во местото Порденоне, за да се појави на вечерата со рускиот претседател Владимир Путин, кој тогаш бил премиер.

На истата вечера биле и Голди Хоун, Шерон Стоун, но и Моника Белучи, пренесува “Телеграф”. За таа измама италијанскиот Врховен суд ја казни актерката со парична казна од 500 евра и условна казна затвор. А на Вердиевиот театар во Порденоне Орнела Мути ќе мора да му плати 30 илјади евра.

Ако не ја плати казната, на актерката ѝ се заканува затвор. Актерката тврдела дека не можела да присуствува на рециталот бидејќи имала ларингитис и температура и ги оставила организаторите на настанот на цедило, и тие одлучија да се жалат поради тоа што ја виделе на фотографиите со Путин.