Лутиот градски ривал од англиската Премиер лига, тимот на Арсенал, со големо внимание ја следи ситуацијата околу украинскиот интернационалец од редовите на Челзи, Микхаило Мудрик. Раководните лица на популарните „топчии“ се убедени дека офанзивниот играч за врска ќе побара да биде продаден за време на летниот преоден рок затоа што „сините“ во новата сезона нема да играат во ЛШ.